-->
-->
На крајот од квалификациите нерешено со Белорусија
-->
Македонската фудбалска репрезентација одигра 0:0 со Белорусија на гостински терен синоќа во Борисов, во последниот натпревар од квалификациите од Европското првенство 2016.
Со дебитантот Давид Митов Нилсон на голот и неколку измени во составот Македонија одигра добар натпревар, еднаш ја погоди и пречката на белорускиот гол, исто како и противникот, за на крај двете селекции да освојат по бод.
Овој резултат не е доволен избраниците на селекторот Љубинко Друловиќ да го избегнат последното место во Ц-групата.
Македонија со 4 бодови е шеста, Луксембург е на петтата позиција со исто толку бода, но подобар скор во меѓусебните дуели.
Од оваа група директен пласман на ЕП 2016 во Франција обезбедија Шпанија (27 бодови) која синоќа на гости ја победи Украина со 1:0 и Словачка (22 бода) која исто така на гостински терен го совлада Луксембург со 4:2.
Украина (19) како третопласирана ќе игра бараж, а Белорусија е четврта со 11 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат