Фудбал
4. March 2017 - 17:23

На Ибра му влезе „вода во уши“, промаши пенал против Борнмут

Екипата на Манчестер Ј. направи нов кикс во Премиер лигата откако пред своите гледачи одигра само 1-1 против борбениот Борнмут. 

Во контроверзен дуел во кој тимот на Мурињо цело второ полувреме играше со играч повеќе Златан Ибрахимовиќ успеа да промаши и пенал со што Јунајтед остана пократок за два бода. 
Рохо инаку беше стрелец на водечкиот погодок за домаќинот во 23м додека гостите израмнија од пенал преку Сурман во 45м.