Македонија
13. February 2019 - 8:49

На граничниот премин „Богородица“ ќе биде поставена табла со новото име

На граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија денеска ќе  биде поставена табла со новото уставно име на државата, информираат од Царинската управа.

Новото име, Република Северна Македонија стапи на сила од вчера со пристигнувањето на Вербалната нота од грчкото МНР и објавувањето во Службен весник.