На гласачките ливчиња во Хрватска се најдоа и Меркел, Ким Џонг-ун и Рада од „Големиот брат“ (фото)
Изборите вообичаено се нарекуваат „фестивал на демократијата“, но секои гласања еден дел од граѓаните ги користат за искажување на својата иновативност во изразувањето на својот револт од политичките елити.
Еден дел од гласачките ливчиња редовно завршува во категоријата „неважачки“, на кои граѓаните го искажуваат своето вистински мислење за политичарите.
Така и на вчерашните избори во Хрватска имаше случаи во кои гласачите допишуваа „свои кандидати“ на ливчињата. На едно гласачко ливче беше допишано името на германската канцеларка Ангела Меркел, а на друго на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун,
Еден гласач на своето ливче напишал дека својот глас го дава за Рада Васиќ, една од учесниците во реалното шоу „Големиот Брат“, а друг пак го допишал името на популарниот новинар Мислав Баго. „Покрај целото политичко и животинско царство, еден е Мислав Баго! За Премиер!“, напишал овој гласач.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам