На данскиот принц му забранија влез во еден австралиски бар
На данскиот принц Фредерик не му бил дозволен влез во еден бар во Австралија, оти со себе не носел документ којшто би докажал дека тој има доволно години за да може да влезе во објектот, јави ДПА.
Четиридесет и деветгодишниот дански престолонаследник викендов посакал да го посети барот „Џејд Буда“ во Бризбејн, но останал вџашен кога му кажале дека тој и неговите придружници мора да имаат соодветна идентификација за да влезат. Австралиската сојузна држава Квинсленд има строги закони за алкохол, коишто налагаат задолжителна идентификација со возачка дозвола или пасош за влез во угостителски објекти по полноќ.
Така, принцот си отишол, но по 15 минути се вратил во друштво од седум дипломати кои имале задача да го уверат управителот на барот, дека принцот е полнолетен.
Законот е воведен во јули годинава за „да го намали ризикот од штетните последици од алкохолот". Луѓето пак, го оценуваат како „смешен“ и „кошмарен од гледна точка на туристите".
Инаку, познато е дека принцот Фредерик ја запознал својата сопруга Мери Доналдсон, која е родум од Австралија, во бар во Сиднеј за време на Олимписките игри во 2000 година.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?