На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија
Од Република Македонија на аџилак ќе заминат 672 верници кои од 11 до 15 август ќе патуваат со четири авионски чартер летови. Ова го изјави генералнот секретар на Исламската верска заедница на Македонија, Ирсал Јакупи.
Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, годинава на аџилак ќе заминат 26 верници.
- Нашето муфтиство ги презеде сите неопходни активности за непречено заминување во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот. Верниците кои се пријавија ги поминаа сите неоходни лекарски прегледи, а ја примија и потребната вакцина, потврди дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан Ефеди Хаса.
Вернициите од овој регион тргнуваат на 11 и 13 август од Дебар, а потоа заедно со другите верници од земјава кон светите места ќе тргнат од скопскот аеродром.
Ново на Сител
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?