МЗТВ: Отуѓувањето на земјиштето на парцелата кај Холидеј Ин е извршено според законската регулатива
Во однос на информациите што денеска беа истакнати од претставници на Државната комисија за спречување на корупција, а во однос на отуѓување на државно земјиште на парцелата наспроти хотел Холидеј Ин, сакаме да го појасниме следново:
Според член 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела. Според членот 65 став (2) од Законот, отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице.
Во конкретниот случај, постапката за отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски ја изврши според позитивната законска регулатива.
Сакаме да потенцираме, пред отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски изготви Решение за отуѓување и таквото Решение го достави до Државното правобранителство.
Во конкретниот случај, Државното правобранителство даде позитивно мислење за отуѓување на конкретната градежна парцела, што значи дека за отуѓување на конкретната парцела се исполнети сите услови од Законот за градежно земјиште и плус позитивното мислење од Државното правобранителство дека конкретната парцела може да се отуѓи.
Со тоа, ги отфрламе сите обиди со кои се дава сомнеж на постапката за отуѓување на градежната парцела.
Во однос на тоа што се предвидува да се гради на конкретната парцела, не одлучува Министерството за транспорт и врски, туку одлучува општина Центар и граѓаните на општина Центар.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот