Loading Video...
Кошарка
18. February 2023 - 19:55

МЗТ Скопје триумфираше во женскиот кошаркарски куп

 
Празник на кошарката во СРЦ кале каде се игра куп завршницата а првото славје денеска го заработија кошаркарите на МЗТ Скопје кои го освоија својот прв пехар во женската кошарка. 
 Победата на металките е остварена во финалето против фаворизираниот тим на Баксет Кам од Македонска Каменица кој беше поразен со 75-60 и го бранеше трофејот во купот кој го освојуваше во претходните две години. 
Од самиот почеток на средбата МЗТ Скопје кој целиот меч го одигра со една петорка најави дека може да приреди изненадување предводени од Американките Оливија Ли со 27 поени и Џои Симонс со 25 и 12 успешни скока. 
Во финишот Баскет Кам се обидуваше со тројки да ја анулира предноста на противникот но доцна се разбуди и го призна поразот.  Марија Николов со 23 поени беше најефикасна во тимот од Македонска Каменица. 
Во овие моменти се игра машкото финале во кое за трофејот Благоја Георгиевски Буштур се борат машката екипа на МЗТ Скопје и Феникс. 
Средбата започна во 19.30 часот.