Loading Video...
Кошарка
4. јуни 2022 - 10:42

МЗТ Скопје А. поведе со 1-0 против Пелистер во финалето од плејофот

 
Актуелниот макеоднски шампион тимот на МЗТ Скопје Аеродром го доби првиот дуел од финалето во плејофот против Пелистер. 
 
Аеродромци ја искористија предоста на домашниот терен, а со одлична игра пред се во третиот период по кој направија предност од 15 поени сино-белите до крајот успеаја да ја задржат позитивата и сосема заслушено да славеа со конечни 91-75. 
 
Серијата, подобар до три победи, сега се сели во Битола, а вториот натпревар на програмата е веќе утре со почеток од 18 часот и 30 минути