-->
-->
МЗТ Скопје домаќин на Куманово
-->
Во реприза на минатогодишното финале на кошаркарскиот шампионат на Македонија, попладнево во Скопје, ќе се одигра натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Куманово.
Оваа средба е последна од 9.коло во прволигашката конкуренција, а во неа шампионот МЗТ Скопје влегува по поразот во АБА лигата од Цедевита, по кој тренерот на Словенецот, Алеш Пипан си замина од тренерското место.
На првиот меѓусебен натпревар одигран во Куманово на 21 октомври, кумановската екипа забележа минимална победа со 74-72, нанесувајќи му го единствениот пораз на МЗТ Скопје во осумте одиграни натпревари сезонава во домашното првенство.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Куманово ќе започне од 18 часот, а ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’.
На останатите натпревари од ова коло беа постигнати овие резултати: Бест – Работнички 56-80, Карпош Соколи – Струмица 87-68 и Фени Индустри – Кожув 86-67.
Табела:
- Карпош Соколи 17 бодови (9 натпревари),
- МЗТ Скопје А. 15 (8),
- Кожув 15 (10),
- Фени Индустри 14 (9),
- Работнички 13 (9),
- Куманово 12 (8),
- Струмица 10 (8) и
- Бест 9 (9).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип