Loading Video...
Кошарка
30. April 2021 - 17:44

МЗТ Скопје Аеродром подобар од Еуро Никел

 
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром забележа победа на гостувањето кај Еуро Никел во заостанат натпревар од Првата машка кошаркарска лига. 
 
Аеродромци славеа со 96-81 со што ја остварија 13-тата победа сезонава со која пак се пробија на 4.место на табелата со два бода помалку од Пелистер и Еуро Никел, однсно еден бод помалку од „лутиот“ ривал Работнички кој е на третата позиција  
 
Иако до крајот на регуларниот дел неколку екипи треба да одиграат уште по еден натпревар, сепак веже е јасно дека покрај гореспоменатите четири екипи, во разигрувањето за шампионскиот трофеј, односно четвртфиналето од плејофот, ќе играат и екипите на Гостивар, ТФТ, Академија ФМП и Куманово.
 
Во плејаутот, односно за двете места кои и следната сезона носат учество во првата лига ќе се борат Кожуф, МЗТ Скопје 2, Вардар и Црн Дрим