МЗШВ и ЕУ ќе ги договараат деталите за анализа на субвенциите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Делегацијата на ЕУ во Скопје задутре на состанок ќе ги прецизираат деталите околу анализата на субвенциите, нивниот ефект и влијанието врз земјоделството.
Како што информира денеска министерот Љупчо Николовски, со анализата ќе биде опфатено и МЗШВ.
- Со Делегацијата на ЕУ и Светска банка е договрена длабинска анализа на влијанието на субвенциите што ќе служи за креирање на следните политики. Изминатите неколку месеци тоа го издискутиравме, го побаравме и го добивме. Верувам дека сите сили ќе бидат насочени да добиеме таква длабинска анализа. Станува збор за две анализи: на самото МЗШВ и на влијанието на субвенциите, рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по завршната конференција на проектот за Земјоделскиот информативен систем.
Според Николовски, ревизијата на доделувањето на државното земјоделско земјиште, на огласите и договорите, е веќе почната и е една од клучните мерки и приоритети на Владата.
- За жал, договорите за концесии за земјоделското земјиште не може да се најдат на едно место. Затоа, сите подрачни единици ги внесуваат во еден систем. Министерството не беше поврзано со Агенцијата за катастар на недвижности за да ги прима соодветните податоци, го склучивме договорот со катастарот за да се утврди целокупното земјоделското земјиште во државата, а и ги внесуваме договорите за да се види колку од тоа земјиште е дадена под концесија, нагласи министерот.
Експертите кои беа дел од проектот „Надградба на земјоделскиот информативен систем и воспоставување системи за размена на податоци помеѓу МЗШВ и останатите релевантни институции“, порачаа дека се зголемуваат институционалните капацитети во земјоделскиот сектор на земјава, но се уште се потребни прилагодувања во однос на Заедничката аграрна политика на ЕУ.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро