Македонија
15. August 2024 - 12:06

МЖСПП: Законите за Охридското Езеро, за кањонот Матка и за Студенчишко Блато поминаа само прво читање во Собранието

По објавите дека Собранието на седницата одржана на 13 август 2024 година ги усвои посебните закони со кои три природни локалитетети во земјава: Охридското Езеро, Kањонот Матка и Студенчишко Блато добиваат посебен заштитен статус, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Предлог законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата се во редовна постапка на усвојување и се поминати на двете матични работни тела на Собранието.

Тоа се, како што појаснува МЖСПП, Комисијата за транспорт, дигатална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија на Собранието, кои констатираа дека предлозите се прифатливи.

- Предлозите поминаа и прво читање на пленарна седница на Собранието и се во понатамошна постапка во матичните работни тела на Собранието, се вели во соопштението.

Ново на Сител