МЖСПП: Реконструкција на улица причина за зголемени вредности на ПМ10 во Тетово

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека реконструкција на улица во Тетово и создавањето дополнителни количини прашина е причина синоќа да има 801 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во воздухот во градот.
Последните денови, мерната станица во Тетово со локација во дворот на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, покажува дека концентрацијата на ПМ10 честичките е над дозволените граници, посочија од Министерството.
Од Министерството наведуваат дека побарале од Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да ги провери можните извори на загадување. После направениот увид се утврди дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ во близина на самата локација на мерната станица се врши реконструкција на самата улица, при што е утврдено дека се генерира значителна количина на прашина, информираат од Министерството.
Според надлежните, за состојбата се дадени насоки на изведувачите, како да се постапи да не се повтори зголемувањето на концентрацијата на ПМ10 честичките во Тетово.
Контактирани се службите на ЈП „Македонија пат“ кои се задолжени редовно да прскаат со вода додека трае реконструкцијата на патот, со што количината на генерираната прашина ќе се намали на дозволените граници, потенцираат од Министерството.
Ново на Сител
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
