МЖСПП: Невалидни се податоците за загадување на воздухот во Гази Баба во изминатите часови
Податоците за квалитетот на воздухот во Гази Баба од 22 часот вчера до 14 часот денеска се невалидни и тие не се одраз на извршени мерења на инструментот за мерење суспендирани честички со големина до 10 микрометри од Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во општината, туку се одраз на соодветен код од инструментот кога тој има дефект.
Ова денеска го соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде посочуваат дека поради тоа бил извршен технички зафат врз инструментот за мерење суспендирани честички, односно замена на потрошен материјал (филтер во облик на лента) преку која се врши отчитување на мерените концентрации.
Извршена е замена на потрошниот материјал и грешката во инструментот е отстранета. Инструментот е пуштен во работен режим, додека податоците од наредните извршени мерења на концентрацијата на ПМ 10 ќе бидат достапни денеска од 15 часот, истакнуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера