МЗ: Вакцинираните граѓани да бидат исклучително внимателни, треба да помине време за имунитет

Министерството за здравство информира, сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината Астра Зенека и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, еве неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет.
- По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена.
- Најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa
- Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.
Ново на Сител
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
