МЗ: Вакцинацијата е согласно календарот за имунизација, секоја измена ја врши Националниот комитет за имунизација

Министерството за здравство, во врска со одредени шпекулации за евентуално менување на Календарот за имунизација, информира дека задолжителната вакцинација се врши согласно Календарот за имунизација, препорачан од Светската здравствена организација за сите земји во светот и дека секоја евентуална измена на Календарот ја врши Националниот комитет за имунизација како советодавно тело на Министерството за здравство и во координација со СЗО.
Од Министерството потенцираат дека официјалните ставови од областа на имунизацијата ги носи исклучиво Министерството за здравство како единствена надлежна институција за имунизација во државата, а во согласност со највисоките стандарди и препораки на СЗО.
Имунизацијата е клуч на јавното здравје и со високиот опфат во државата се обезбедува континуирана стабилна епидемиолошка состојба и колективен имунитет. Токму како резултат на високиот опфат на имунизација, во Република Македонија со години наназад е искоренета вариола вера (големи сипаници), нема случај на дифтерија од 1978 година, елиминација на полиото (детска парализа) од 1987 година, а останатите вакцинопревентабилни заболувања се јавуваат спорадично со поединечни случаи, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
