МЗ спроведува активности по повод Светската недела на доењето
Министерството за здравство во соработка со Клиниката за детски болести, Здравствен дом Скопје, Заводот за здравствена заштита на мајките и децата, како и останатите јавни здравствени установи реализираат повеќе активности по повод Светската недела на доењето под мотото „Доењето основа на животот“, која традиционално се одбележува од денеска до 7 август.
За таа цел, информираат од Министерството, годинава се отпечатени брошури и постери за бремени жени на македонски и албански јазик за важноста на доењето, воспоставување на доењето и знаци на успешно доење, по што ќе следи нивна дистрибуција преку патронажните сестри, матичните гинеколози и породилиштата. Исто така, во тек е дистрибуција на постери и флаери за важноста на доењето, преку превентивните служби, породилишта и детски болници, со цел жените уште во текот на бременост да ги добијат потребните информации.
Во рамки на програмата на Министерството за здравство за активна здравствена заштита на мајките и децата, како што се посочува, во континуитет се реализираат обуки за здравствени работници (патронажни сестри, педијатри, неонатолози, медицински сестри) на актуелни теми поврзани со доењето, како што се: правилно воспоставување на доењето, справување со најчестите проблеми при доење, како и важноста на психосоцијалната поддршка на доилките.
По повод одбележување на Светската неделата за доење, на Клиниката за детски болести ќе се дистрибуираат брошури, постери и флаери, а воедно ќе бидат организирани и предавања за придобивките и предизвиците на доењето. Во рамки на предавањата, мајките ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и ќе се дискутира за предноста и бенефитот на мајчиното млеко. На почеток на следната недела е предвидено и предавање за медицинските сестри, во делот на обезбедување помош при доењето, а воедно ќе бидат презентирани и протоколите за доење за специфични пациенти (прематурни новороденчиња, деца со хипотонија и деца со расцеп на непце).
Исто така, во организација на Здравствен дом Скопје, во соработка со невладиниот сектор е реализирана работилница за патронажни сестри, посветена на „Значењето на доењето за раниот детски развој, вештини на комуникација при советување за доење и поддршка за успешно воспоставување и одржување на доењето“, на која учествуваа патронажни сестри од целата држава, информираат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни