МЗ: Работиме согласно потребите на пациентите и нема да дозволиме недостиг од инсулин
Министерството за здравство соопшти дека работат согласно потребите на пациентите и нема да дозволат недостиг од инсулин.
Во врска со тендерот за инсулин, од Министерството за здравство ги демантираат дезинформациите за недостиг на залихи и негрижа кон пациенти.
Имено, тендерот ќе биде распишан на почетокот на следната недела, додека сите подготвителни процеси за истиот се веќе завршени, а целата постапка е навремена и соодветно испланирана. Инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018 година е потрошен во месец јули или го има во мали залихи во неколку инсулински аптеки. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од триесетина дена. Инсулинот е безбеден за користење на пациентите до соодветниот рок, иако според распределбата со која се врши инсулинот, тој би требало да е веќе потрошен пред истекот на рокот, стои во соопштението.
Од 15 август 2018 година, како што се наведува, веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци.
Министерството за здравство се грижи пациентите во континуитет да се снабдуваат со инсулин во соодветни рокови, воедно и ги работи плановите за распределба врз основа на потребите на населението. Дезинформациите во кои се инсинуираат можно трошење на залихите, создаваат паники во јавноста и се многу штетни по здравјето на пациентите, кои се на инсулинска терапија. Министерството за здравство стои како и секогаш на располагање за обезбедување точни и проверени информации, кои се од интерес на јавноста и пациентите, а се поврзани со нашата работа, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр