МЗ: Инсулинот во Македонија без исклучок, е со уреден рок на употреба
Во Република Македонија нема инсулин, кој е со краток рок, се наведува во соопштението на Министерството за здравство во врска со пишувањата во дел од медиумите поврзано со наводниот краток рок на употреба на инсулинската терапија, заради појаснување на целокупната македонска јавност, а посебно за дополнително информирање на пациентите кои користат инсулинска терапија.
- Сите пациенти кои се на инсулинска терапија подигнуваат инсулинска терапија која се троши за индивидуални цели и за период од 28-30 дена. Одговорно тврдиме дека нема инсулин во Република Македонија кој е со краток рок. Апелираме и повикуваме, доколку пациентите кои се на инсулинска терапија имаат таков доказ дека им е издаден инсулин со краток рок, веднаш да реагираат во Министерство за здравство, стои во соопштението од Министерството.
Воедно, се посочува дека инсулинот, кој е со рок на траење до 30.09.2018 година е потрошен во месец јули. Од 15.08.2018 година веќе се обезбедени и се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци. Секој лот (серија) на сите видови инсулин е регистриран со количина и рок на траење.
- Истовремено, сакаме да потенцираме дека на 15.08.2018 година Министерството за здравство ја отпочна постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, за периодот Септември 2018 - Септември 2020 година, наведуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава