МЗ: Имаме слух за барањата на кофинансираните специјализанти

Министерството за здравство (МЗ) има слух за барањата на кофинансираните специјализанти и се бара механизам за подобрување на нивниот статус.
Во исто време решаваме состојби каде немаше никакво поместување во позитивна насока со години претходно. Нивните колеги кои се приватни специјализанти за првпат се платени за својот труд во 2018 година. Тие дотогаш работеа бесплатно. Фокусот кој прво го ставивме беше на приватните специјализанти, да им овозможиме подобри услови за работа.
Сега, се бара механизам и за кофинансираните специјализанти. Веќе се договорени да почнат работни групи да работат на решавање на оваа ситуација, но затоа треба да биде во соработка со Фондот за здравствено осигурување и најверојатно со пратениците со цел да се види каква е можноста Законот во тој дел да се промени. Откако следната недела ќе ги собереме сите информации ќе имаме и детална динамика како и кога ќе може да се изнајде решение.
Покрај наследените куп проблеми кои оваа Влада ги наследи, за две години значително се подобрени условите за работа на здравствените работници.
Направено е најголемо зголемување на платите во јавното здравство.
Вкупно со сите зголемувања, основната плата на лекарот специјалист ја зголемуваме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари 25% и 15% на сите здравствени соработници.
Зголемени се и коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, а некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати.
Владата на Република Северна Македонија во изминатиот период ги подобри условите на здравствените работници и нема намера да отстапи од оваа политика којашто требаше да се примени многу одамна, а со години ништо не беше направено на ова поле.
Ново на Сител
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
