МЗ Галичник ја оспорува одлуката за преименувањето на училиштето во Ростуше од Ѓорѓија Пулевски во Хајан Селмани
Месната заедница Галичник преку допис до јавноста го искажа ставот за Одлуката на Советот на Општина Маврово и Ростуше за преименување на основното училиште во Ростуше од Ѓорѓија Пулевски во Хајан Селмани.
Од МЗ Галичник наведуваат дека одлуката има формални недостатоци и нагласуваат дека предлогот за нејзино донесување не е поднесен од овластен предлагач согласно на Законот за локална самоуправа, анкетата не е спроведена, односно не е поддржана од потребен број избирачи од Општината и дека имаат намера да ја оспорат, меѓутоа, потенцираат дека сепак тоа не е суштината на нивната реакција.
– Вознемирени сме од идејата ова училиште во центарот на Мијачијата од каде што потекнува Пулевски да се лиши од неговото име. Истовремено, убедени сме дека соодветна институција или објект треба да го носи името на Хајан Селмани. Се плашиме дека пошироката јавност по овој чин може да стекне впечаток дека населението во Општината не се идентификува со ликот и делото на Ѓорѓија Пулевски, во што не сакаме да веруваме. Од друга страна, Хајан Селмани е еден од најзначајните современи македонски претприемачи, родум од Велебрдо, кој, за жал, прерано нè напушти. Несомнено е дека Селмани заслужува неговото име и дело да бидат запаметени и со него како со еден прекрасен пример од новата македонска историја да се идентификуваме сите, се наведува во реакцијата на МЗ Галичник.
Од месната заедница препорачуваат да се задржи името на Ѓорѓија Пулевски на училиштето во Ростуше и да се иницира името на Хајан Селмани да се стави на друга општинска институција, како училиштето во Жировница, кое го носи името Јосип Броз Тито и спортската сала во Ростуше која се вика Партизан.
– Да иницираме името на Хајан Селмани да се овековечи ставајќи го на институција на централно ниво од областа на информатичката технологија или претприемништво, да се воведе државна награда со неговото име која ќе се доделува секоја година за посебни заслуги во областа на информатичката технологија или претприемништвото или да се основа фондација со неговото име, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО