-->
-->
МВР со детали за тепачката на базенот во Штип
-->
Министерството за внатрешни работи објави детали за масовната тепачка на градскиот базен во Штип, каде што со боксови се тепаа мажи и жени.
- На 17.7.2023, во 16.10 часот, во Полициската станица Штип, Е.Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Пресметката се случила вчера во текот на попладневните часови, а од снимката што е објавена се гледа како на еден ќош се тепаат три жени, а од другата страна двајца мажи. Поводот за тепачката е сѐ уште непознат, но многумина на социјалните мрежи коментираат дека ова однесување е непристојно, особено затоа што се случува на јавен простор и пред деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување