Македонија
25. јуни 2022 - 10:51

МВР санкционираше 292 возачи кои возеле пребрзо

Во засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената спорведена вчера се санкционираше 292 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движело со дури над 70 километри на час повеќе. Притоа, 131 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место.

За време на акциската контрола санкционирани биле и 158 други видови прекршоци.

Од МВР потсетуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи