Македонија
11. March 2016 - 13:13

МВР: Изминатите 24 часа не се издадени пртврди на мигранти

Во текот на вчерашниот ден не се издадени  потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Во периодот од 1 јануари оваа година до вчера, издадени  се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337. 

Во периодот од почетокот на годинава до вчера до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

До Секторот за азил вчера не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.