МВР излезе со детали: Познат идентитетот и возраста на загинатите од Арачиново
Министерството за внатрешни работи излезе со детали во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во кумановско Романовце во која животот го загубија три лица.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 11:45 часот на обележан железнички премин со поставени сообраќајни знаци.
-Товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија удрил во патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Б.(52) во кое како сопатници биле С.Б.(48), З.Б.(79) и И.Б.(43), сите од с.Арачиново-скопско. Во незгодата на местото на настанот починале возачот Н.Б., С.Б. и З.Б. додека И.Б. успеал да излезе од возилото и не се здобил со повреди, информираат од МВР.
Од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 17:25 часот односно до завршување на увидот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.
По наредба на ЈО телата на настраданите се предадени на семејството за погреб. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа