Мувагак ел Рубај: ИД и продава нафата и гас на Турција

Во изминативе осум месеци џихадистичката група Исламска држава (ИД) на Турција и продала ирачка нафта и гас во вредност од 800 милиони долари, по цени двојно пониски од оние на светските берзи, изјави еден од лидерите на ирачката шиитска коалиција „Држава на законот“, Мувагак ел Рубај.
- Во последните осум месеци на црниот пазар ИД на Турција и продала нафта и гас од Ирак во вредноста од 800 милиони долари и тоа по цени за 50 отсто пониски од цените на светските бетзи, изјави Рубај, кој е поранешен советник за национална безбедноста на ирачката Влада.
- Тоа е оној килсород што ја одржува ИД во живот и ако го прекинеме доводот на тој килсород ќе успееме да ја задушиме, нагласи Рубај.
Вчера и Сирија ја обвини Турција дека купува нафта од ИД по пониски цени во замена за достава на оружје.
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
