-->
-->
Mурињо го „притиска“ некогашниот ментор ван Гал!!!
-->
Се погласни се гласините дека Мурињо ќе застане на кормилото на Манчестер Ј. кој според англискиот весник „Сан“ подготвува 5-годишен договор за Португалецот.
Соработката помеѓу Јунајтед и Мурињо може да започне многу брзо доколку ван Гал не успее да ги совлада Стоук и Челзи во наредните 5 дена.
Интересно е што малкумина знаат дека Мурињо првата шанса да работи на тренинг со фудбалски ѕвезди ја добил токму од ван Гал и тоа при неговото доаѓање во Барселона.
На холанѓанецот впечаток му оставил моментот кога за време на вечерата Мурињо застанал во одбрана на Боби Робсон дотогашниот тренер на каталонците на чие место дошол ван Гал во 1997г.
„Ми се допадна што Мурињо застана зад поранешниот тренер ризикувајќи да ја загуби работата. Тоа покажа дека е лојален човек и затоа решив да го задржам за мој помошник“-изјави тогаш ван Гал.
Ван Гал и Мурињо беа три години заедно во Барселона и освоија две титули и еден национален куп.
10 години подоцна Мурињо со Интер Милано му го одзеде трофејот на ван Гал во ЛШ како тренер на минхенски Баерн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија