Македонија
2. September 2016 - 16:25

Мухамед Зекири од независен новинар стана дел од раководството на СДСМ

Со одлука на ЦО, од синоќа новинарот Мухамед Зекири е член на Извршниот Одбор на СДСМ. Одлуката на партијата повторно да им даде функции на новинарите кои важеле за блиски до нив, а се претставувале како независни предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Според неофицијални информации трансформацијата од независен новинар во партиски функционер траела помалку од 48 часа. Токму Зекири бил последниот предлог за 5ти член на ад хок телото за медиуми, кој го дал лидерот на СДСМ Зоран Заев. Откако не бил усвоен, Заев одлучил овој новинар да биде награден со позиција во партијата.

Во минатото Мухамед Зекири беше редовен домаќин на интервјуата на лидерот на СДСМ и неговите најблиски соработници. Истовремено и на својот фејсбук профил ги промовираше ставовите на СДСМ.

Но дел од неговите ставови стануваат особено контроверзни, сега кога тој станува дел од раководството на најголемата опозициска партија.

Еден од нив е оној за Израел во кој Зекири обвинува дека ова е терористичка држава.

Новинарот се истакнува со радиклани позиции и кога станува збор за домашни прашања. Така тој споделува фотографии и одобрува оштетување на споменикот на Цар Душан.

А веројатно една од најспорните јавни објави е онаа за убиството кај Смилковското езеро.

„Ако во една земја виновниците се силни, невините барајте ги во затвор“ , напиша Мухамед Зекири по приведувањето на убијците на 5те невини жртви.

СДСМ денеска не прецизираше дали се согласува со личните ставови на новинарот кој влегува во раководството на партијата. Потпретседателката Шекеринска порача дека националноста не е пречка за да се стане дел од широкиот опозициски фронт.

Да се наградат новинарите кои претходно биле прогласувани за незавсини, не е новост за СДСМ. Уште во 2002 партијата ги вработи во државна служба сите новинари кои беа блиски до тогашното раководство. И во 2011, СДСМ на пратенички листи ги стави новинарите на А1 кои жестоко се бореа за нејзините политики.