Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции

Дијалог постојан има, од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите кои ние ги имаме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање дали има дијалог за надминување на проблемот со Бугарија што ја блокира евроинтеграцијата на земјава.
Прашан дали има придвижување и сигнали од Софија дека може да се повлече од некои свои ставови, кои се нашите позиции и дали македонската страна е подготвена за одредени отстапки, Муцунски истакна дека „црвените линии на нашата држава се поврзани со нашата историја, идентитет, јазик и култура“.
- Тоа се нашите лини кои ние ги преставуваме во рамките на сите разговори што ги водиме. Едноставено не е праведно нашите преговори постојано да заглавуваат на тема поврзана со нашиот идентитет, јазик, историја и култура. Тоа се нашите позиции кои повеќепати ги имаме преставено и пред домашната јавност и пред сите наши меѓународни фактори. Очекуваме систем на гаранции од европските институции. Очекуваме почитување на реципроцитетот кога се во прашање човековите права и очекуваме решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече Муцунски.
За тоа како се одвива дијалогот на ЕУ, тој истакна дека во последните неколку недели немало поконокретни разговори поради колективните годишни одмори и во земјите членки на Унијата и кај европските институции.
-Но верувам дека во периодот којшто следи има најави за повеќе посети, еве ни доаѓа министерот за надворешни работи на Чешка. Чешка е наш принципиелен поддржувач. Сигурен сум дека една од темите коишто ќе ги отвориме е и ова прашање. Така да, нормално е тој дијалог да биде постојан, да тече и ние тој дијалог го водиме низ призмата на позициите коишто ги имаме претставено, додаде Муцунски на прес-конференција во Владата. ж
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
