Му ветил снимање на Радиологија, па му ја испразнил картичката: Старец (86) измамен и ограбен на Клиника
Вчера во Полициската станица Центар, В.Р.(86) од Скопје пријавил дека на 13.јули околу 11,00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ од страна на непознато лице му била извршена измама при што бил оштетен за 18.000 денари.
Имено, сторителот откако дознал за што бил дојден пријавителот на клиниката, му кажал дека ќе треба да направи снимка на магнетна резонанца на Клиниката за радиологија и дека за истото било потребно да му даде 4.000 денари.
Бидејќи оштетениот ја немал бараната сума во него отишле до банкомат каде сторителот со картичка на пријавителот извадил одредена сума, ги зел парите и му ја вратил картичката на оштетениот.
Откако се вратиле на Клиниката за радиологија сторителот му рекол на В.Р. да го чека, по што заминал и не се вратил. На 17.07.2018 година пријавителот извадил извештај од банка и забележал дека на 13 јули од кредитната картичка во два наврати се подигнати вкупно 18.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Битола и околината
-
Претседателството на ССМ ќе одлучува за натамошните чекори што ќе ги преземе за минималната плата
-
Путин сака Украина да биде ставена под привремена администрација на ОН
-
Зеленски за резултатите од самитот во Париз: Нема да се откажеме од нашата земја и независност
-
Без струја дел од Бутел и селата Горно Нерези и Горни Крушопек
-
Во Касарната „Илинден“ одбележување на петгодишнината од пристапувањето во НАТО
-
Додик призна дека во Израел бил прогласен за непожелна личност поради наредбата за апсење во БиХ
-
Променливо облачно со повремен дожд