МТСП: Згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк
Министерството за труд и социјална политика информира дека утрово утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца- детски градинки, и дека згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк.
– Од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, штрајкот на дел од вработените се одвива во 54, а во 21 Јавна установа вработените воопшто не се приклучија кон штрајкот организиран од СОНК.
Само во една односно во ЈОУДГ „Детска Радост“, Гази Баба, Скопје, воопшто во текот на денот не се згрижуваа деца, а во ЈОУДГ „Пролет“ Карпош, се згрижуваа деца само во еден објект. Во сите останати предучилишни установи и покрај одржување на штрајкот на вработените во градинките, непречено се одвива згрижувањето и воспитанието на децата, информира МТСП.
Целокупната состојба на терен потврдува дека установите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и ја обавуваат дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и при остварувањето на правото на штрајк обезбедуваат непречено одвивање на дејноста, стои во соопштението на Министерството.
Заштитата на децата и нивните права останува да биде високо на агендата на приоритети на Министерството за труд и социјална политика, додаваат оттаму.
Ново на Сител
-
Во Маврови Анови измерени - 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег
-
Намалена видливост поради магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар
-
Честитка од Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј до архиепископот на МПЦ - ОА г.г. Стефан по повод неговиот именден
-
Рашфорд се враќа во тимот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Арсенал
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
-
Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер
-
Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
-
Еден допир со топката на Нејмар го чини Ал-Хилал над милион евра