Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години

Манчестер Јунајтед одлучи да го продолжи договорот со Амаду Диало, задржувајќи го младиот играч од Брегот на Слоновата Коска до 2030 година.
Најтрофејниот англиски клуб има големи проблеми со потпишување со потенцијални ѕвезди, бидејќи повеќето од засилувањата по заминувањето на Сер Алекс Фергусон беа големи неуспеси. Таму се изгубени многу пари, а Јунајтед се повеќе станува гробница за фудбалските таленти. Сепак се чини дека Амад Диало може да биде еден од најголемите адути на новиот тренер Рубен Аморим.
Договорот беше потпишан на уште пет години, а 22-годишниот фудбалер го заслужи тоа. На „црвените ѓаволи“ им се приклучи во 2022 година од Аталанта, а оваа сезона му беше убедливо најуспешна. На 18 натпревари во Премиер лигата има шест асистенции и три гола, од кои последниот за израмнувањето во дербито со Ливерпул.
Јунајтед се мачи оваа сезона. Тие се на 13. место во англиското првенство, а во последните два месеци забележаа само две првенствени победи, од кои една во градското дерби со Сити каде Диало го постигна решавачкиот гол.
Амад Диало е потенцијално првиот чекор во создавање на нов, компетентен тим под тренерската палка на Рубен Аморим.
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
