МТСП: Почна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.
-Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, оние со право на надоместок заради попреченост, корисниците за надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, соопштуваат од МТСП.
Денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
-Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Северна Македонија, посочуваат од МТСП.
Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се исплаќа финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и тоа за корисници со пензија до 11.525 денари месечно, 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, и од 11.526 денари до 14.000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци.
За корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување 750 денари месечно за четири месеци.
-Продолжуваме да се грижиме за сите граѓани, со акцент на најранливите, истакнуваат од министерството.
Ново на Сител
-
Акција за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош
-
Авион принудно слетал на Бермудите поради свињи и нивната миризба
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка
-
Фон дер Лајен на средба во Анкара со Ердоган
-
Кошаркарот Јанис Тима пронајден мртов во Москва
-
Мицкоски: Даваме 25 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и други проекти
-
Седница на УО на Коморскиот инвестициски форум за клучните приоритети во 2025 година
-
Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“