МТСП: Компаниите да им платат дневница на работниците што ќе работат за 1 Мај
Министерството за труд и социјална политика ги потсетува сите компании дека се обрзани да им платат дневница на работиците што ќе работат на празник, однос за 1 Мај – Денот на трудот, кој согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени, соопштија од МТСП.
– Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата. Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот Државен инспекторат за труд, информираат од оваа Министерство.
Секое прекршување на оваа регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот poplaki@dit.gov.mk.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева