МТСП: Градиме 43 нови објекти на градинки, вложуваме во раниот детски развој
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) посветено работи на проширување на капацитетите на детските градинки во земјава и на подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Во моментот се градат и опремуваат нови осум, а се подготвува изградбата на уште 35 објекти. Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата, соопшти МТСП.
Нивна заложба, како што наведуваат во соопштението, е опфатот на деца во предучилишно образование да го зголемат за 50 отсто. Во изминатите две години отвориле 24 нови објекти, со што биле обезбедени дополнителни 1.272 места. Годинава за таа намена, соопштија, издвоиле 300 отсто поголем буџет од лани, а нови градинки ќе се градат и преку програмата на Светска Банка, која изнесува околу 15 милиони евра.
– Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, континуирано работиме на зајакнување на кадарот во градинките и надградување на компетенциите на воспитувачите/чките. Досега обезбедени се 1.400 согласности за вработувања во градинките. Почнувајќи од јунската плата што на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен, велат од МТСП.
Оттаму посочија дека со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот го подобруваат квалитетот на предучилишното образование.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд