МТСП: Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот согласно потребите на родителите
Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот согласно потребите на родителите. Двосменското работење подразбира дека опфатот и згрижавањето на децата во градинките ќе биде како и досега, од 5:30 до 22 часот, како и во првата сабота во месецот, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.
Во врска со информациите дека во одредени градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена од 7 до 14:30 или од 14:30 до 21:30 часот, МТСП укажува дека наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата градинките.
- Апелираме до вработените и директорите на градинките да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата. Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата и согласно неа и потребите на родителите да го организираат работењето на установата, се вели во соопштението од МТСП.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има