Македонија
3. December 2018 - 15:19

Мртва жена однесена во Градска болница - телото предадено на обдукција

Во Градската општа  болница „Св. Наум Охридски“, вчера била донесена почината жена на возраст од 67 години.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 20:34 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено  дека кај нив била донесена 67-годишната Л.И. од Скопје и кај неа била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.