Фудбал
10. March 2020 - 18:19
Можно одложување на дуелот Македонија - Косово
Покрај играњето пред празни трибини, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најверојатно нема да може да смета на нашите интернационалци кои играат во Италија па ФФМ дознаваме неофицијално, ќе побара одложување на средбата со Косово .
Со комплицираат условите за одигрувањето на бараж средбата од лигата на нациите помеѓу селекциите на Македонија и Косово закажана за 26. Март во Скопје. Последните одлуки на македонската влада средбата да се игра без публика но и влегувањето во 14-дневен карантин на сите повратници од кризните земји со коронавирус како Италија само потврдуваат дека најдобро е средбата да биде одложена за нов термин за што како што дознаваме ФФМ ќе испрати и официјално барање до УЕФА.
Поради нефудбалската криза селекторот Ангеловски нема да може да смета на Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски кои играат во Италија. Истото би важело и за Стефан Спировски кој настапува во Израел. Проблеми ќе има секако и селекцијата на Косово па затоа нема да биде чудно доколку и противникот побара одложување на средбата. Ваквата варијанта е се поизвесна ако се знае дека европската куќа на фудбалот најави прекин на натпреварите од Лигата на шампионите во текот на наредната недела.
Како можен термин Македонија и Косово да го одиграат долгоочекуваниот дуел се најавува во мај пред стартот на ЕП или пак во јуни доколку биде прифатено барањето на Италија европскиот шампионат да се помести во месец август. Во меѓувреме Туто спорт објави дека голем број национални сојузи побарале одложување на првенството додека не се надмине кризата со корона вирусот.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->