Фудбал
16. јуни 2017 - 13:51

Можеме до полуфинале

Младата фудбалска репрезентација на Македонија утревечер во Гдиња (20.45ч) го игра  историскиот меч со Шпанија прв на еврошампионатите за нашите машки фудбалски селекции. 

Преку директните преноси на ТВ Сител младите репрезентативци го обезбедија првото место во групата што е најголемиот успех на македонскиот фудбал. 
Дарко Велковски, Виктор Ангелов и Кире Маркоски се  адутите на селекторот Благоја Милевски. 
Можеме до полуфинале, покажавме во квалификациите дека сме квалитетна репрезентација која има физиономија во играта. Здрави сме подготвени и зошто да не направиме ново изненадување, изјавија тројцата во еден глас....