Loading Video...
Спорт плус
17. October 2020 - 19:49

Мото ГП: Десетта пол позиција за Квартараро

Тежок но среќен ден за лидерот во најсилната класа во мотоциклизам, Фабио Квартараро кој денеска ја освои 10-тата пол позиција  за трката во шпанскиот Арагон. 
Возачот на Јамаха  до првото стартно место дојде по тежок пад  на третиот слободен тренинг по што го повреди колкот но сепак се појави на патеката откако лекарите констатираа дека е без потешки повреди и во таква состојба го извози најбрзиот круг. Втората позиција со 46 стотинки задоцнување му припадна на маверик Вињалес  исто така од Јамаха додека трет ќе стартува  Кал Крутчоу со Хонда.