Москва и Вашингтон не разговараат за федерализација на Сирија

Москва и Вашингтон не ја разгледуваат можноста за федерализација на Сирија, изјави денеска заменикот шеф на руската дипломатија Михаил Богданов.
- Таквите медиумски информации не се точни, рече Богданов, кој е и специјален претставник на Русија за Блискиот исток и Северна Африка.
Во изјава за ТАСС, таквите тврдења тој ги нарече „целосна глупост“.
- Ние не сме изнесувале такви идеи. Такви идеи треба да изнесат самите Сиријци. Токму тие треба меѓусебно да разговараат и да се договараат, рече Богданов.
Тој го повтори ставот на официјална Москва дека прашањето за државното уредување треба да го решат самите Сиријци, како и дека тие самите треба да состават Устав во кој ќе одредат каков систем на власт сакаат да имаат.
- Поаѓаме од тоа дека најдобро е да се сочува единството на територијата и народот. Ние во тоа не се мешаме и не одредуваме свој став по тоа прашање, потенцира Богданов.
Ново на Сител
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
-

Осум дена притвор за Словенец кој ја нападнал 21-годишната девојка во Охрид
