Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
Скопјани ќе плаќаат поскапо централно греење уште пред стартот на новата грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за корекција на цените на топлинската енергија, а новите тарифи ќе почнат да се применуваат од 1 август.
Најголемо зголемување ќе имаат домаќинствата кои се снабдуваат преку „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија расте за 5,96 проценти.
Поскапување ќе има и кај останатите снабдувачи, но со пониски стапки. Корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно таканареченото железарско парно, ќе добијат зголемување од 5,18 проценти, додека кај „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената ќе биде повисока за 3,65 проценти.
Според пресметките на РКЕ, за просечен стан од 60 квадратни метри месечната сметка за греење ќе се зголеми за околу 140 денари.
Од регулаторното тело посочуваат дека и покрај новите цени, трошоците за централно греење во Македонија остануваат меѓу пониските во споредба со земјите од регионот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
