Бизарно но вистинито
6. August 2015 - 13:52

Монструозна глетка - Kрокодил проголта и изеде младенче

Фотографот Тања Меренски - Хартингер во Националниот парк Кригер во Јужна Африка направила несекојдневни фотографии. Инаку, таа со својот фотоапарат забележала како огромен крокодил зграпчува и јаде младенче. - Никогаш не сум видела такво однесување.

Подоцна разговарав со стручните водичи кои имаат долгогодишно искуство и тие исто така кажале дека никогаш не виделе такво нешто. Старите крокодили јадат многу поголеми животни - цицачи, иако повремено јадат риби и птици. Ретко се јадат меѓу себе, причината што постариот крокодил го јаде помладиот можеби е бидејќи има недостаток на храна - изјавила Тања.