Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Британецот Роберт Даниел Крету (40) од Ливерпул е осуден поради лажирање смрт на 30 кучиња, при што преку наплата на осигурителни полиси од различни осигурителни компании незаконски се стекнал со околу 36.300 евра“, соопшти лондонската полиција. Тој поднел 30 лажни барања до различни осигурителни компании, тврдејќи дека осигурените кучиња угинале во различни несреќи.
„Во еден случај кучето за време на прошетка избегало, истрчало на патот и настрадало под тркалата на возило, а во друг пак, бркајќи галеб, паднало во море, по што било пронајдено мртво на плажа“, информираше „ГБ њуз“.
Истрагата на Одделот за борба против измами утврдила дека Крету користел фалсификувана документација како ветеринарни наоди, здравствени картони на животни, потврди за кремирање и банкарски изводи.
„Крету со податоците од своето милениче измислуваше други кучиња за кои земаше осигурување, се наведува во соопштението на полицијата.
Тој ја признал измамата од која заработил над 31.000 фунти, (околу 36.300 евра), по што бил осуден на 20 месеци затвор од Крунскиот суд во Ливерпул, од кои 2 месеци условно
– Крету го злоупотреби системот, искористувајќи ситуации кои се особено тешки за сопствениците на домашни миленици, изјави Ник Џетва, главен детектив-инспектор од Одделот за борба против измами во осигурувањето, нагласувајќи дека случајот покажува како измамниците можат да ги искористат ранливите моменти на сопствениците на домашни миленици за сопствена финансиска корист.
Претставниците на осигурителниот сектор предупредиле дека измамите не се „злосторство без жртви“, бидејќи ваквите случаи на крајот ги зголемуваат трошоците за осигурување на чесните корисници.
„Ваквиот Случај е резултат на истрагата за откривање и спречување измами во осигурителниот сектор, при што биле откриени повеќекратни лажни барања поврзани со наводна смрт на домашни миленици“, соопшти полицијата.
МИА
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
