Балкан
31. January 2016 - 14:56

Монструм: Пијан ја силувал соседката и нејзината ќерка

Под основано сомнение дека се обидел да силува мајка и ќерка полицијата го приведе 48.годишниот М.К. од село Вучак кај Ивањица.

Како што неофицијално се дознава, жрвите на монструмот се Р.К. (48) со повеќекратни пречки во развојот и нејзината мајка Р.К. (66) од истото село, која случајот го пријавила во полиција.

Страшното злосторство се случило во нејзината семејна куќа во која дошол М.К. за да испие кафе. Сопругот на жената бил сместен во болница, па старицата и нејзината ќерка биле сами дома.

Откако некако успеала да го изфрли натрапникот надвор од куќата, по неколкучасовната драма, жента повикала полиција.

Полицајците веднаш излегле на терен и го уапсиле М.К. поради насилство и обид за силување.