МОН ќе додели 745 стипендии за ученици од средните училишта
Министерството за образование и наука ќе додели 745 стипендии за учениците од државните и приватните средни училишта.
Од нив, 400 стипендии се наменети за социјална поддршка на учениците, 80 за деца без родители, 50 за ученици со посебни потреби, 150 стипендии ќе бидат доделени за талентирани ученици спортисти, 50 за талентирани ученици и 15 за учениците од угостителско – туристичка струка.
Сите кандидати треба да се редовни ученици, да не ја повторувале годината, да не користат друга стипендија и да се државјани на Република Македонија. Покрај општите критериуми, за секоја група стипендии се пропишани и одредени услови што треба да ги исполнат учениците кои ќе аплицираат.
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска на прес-конференција информираше дека конкурсот е веќе објавен и оти ќе биде отворен до 15 овој месец.
- Заинтересираните кандидати сите дополнителни информации можат да ги најдат на порталот konkursi.mon.gov.mk, каде што е поставена електронската пријава. Рокот за аплицирање е од 3.11.2015 и ќе трае до 15.11.2015 година. Резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 14 декември, појасни Адеми.
Стипендииите наменети за социјална поддршка ќе изнесуваат 2.200 денари месечно, за децата без родители 2.750 денари и исто толкав паричен надомест ќе добијат и учениците со посебни потреби. Талентираните ученици спортисти и талентираните ученици ќе добијат стипендија во висина од 2.970 денари месечно, а за учениците од угостителско – туристичка струка ќе бидат доделени стипендии од 2.200 денари.
Ново на Сител
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаците во Скопје