МОН го објави конкуресот за запишување во средните јавни училишта за учебната 2018/2019
– Министерството за образование и наука денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средните училишта за учебната 2018/2019 година во Република Македонија.
Со конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2018/2019 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Пријавувањето и запишувањето на учениците, според конкурсот, ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.
Пријавувањето за програмата Меѓународна матура во гимназијата „Јосип Броз Тито“ се врши од 7 до 17 мај 2018 година.
Ново на Сител
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани