МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби
Министерството за образование и наука посветено работи за децата со посебни образовни потреби да добијат квалитетно образование согласно потребите и можностите, да го достигнат својот целосен потенцијал и да израснат во граѓани вклучени и ангажирани во општеството. Денес, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, велиме ДА за функционална инклузија, НЕ за систем од кој родителите се незадоволни, а наставниците имаат големи забелешки.
Изминатите неколку месеци во интензивни контакти со сите засегнати страни беше јасно предочено дека концептот на тотална инклузија функционира само на хартија, а во пракса не се спроведува и затоа нема очекувани ефекти. Повеќето родители на деца со попреченост сметаат дека сегашниот образовен модел само го продлабочува јазот меѓу различните и ги дискриминира нивните деца.
Затоа правиме промена на моделот на инклузивно образование - секој родител согласно функционалната проценка (по МКФ) и заедно со стручни лица ќе може да одлучи дали неговото дете ќе учи во редовно или посебно училиште со ресурсен центар. Но, без разлика во кое училиште ќе оди, Министерството за образование и наука има за цел да обезбеди приспособена поддршка која одговара на индивидуалните потреби и аспирации на секое дете.
Работиме на континуирано зголемување на бројот на образовни асистенти. Оваа училишна година во наставата во основните училишта вклучивме над 1000 стручни лица, најмногу досега. Новиот Закон за средно образование кој ќе биде донесен на почетокот на 2025 година, предвидува образовни асистенти и во средните училишта. Исто така ја продолжуваме поддршката за наставниците преку обуки, за да можат квалитетно да одговорат на барањата на децата со посебни потреби. Во рамки на буџетските можности, ќе ги подобриме уловите во училиштата со ресурсен центар, откако претходно на терен ќе ја утврдиме состојбата во секое училиште посебно. Тоа значи соодветна асистивна технологија и опрема, што ќе им помага и ќе ја зголеми независноста на учениците со посебни образовни потреби.
Министерството за образование и наука работи истовремено на подобрување и прилагодување на реалните потреби, на сите сегменти на образование. Имаме силна поддршка на меѓународните институции од каде ги користиме најдобрите светски практики. Сите чекори ги правиме со целосна вклученост на оние на кои се однесуваат и кои ги бараат промените - учениците, наставниците, родителите, универзитетите и стручните здруженија. Децата ни се најважни, сите заедно можеме да изградиме подобра иднина за нив.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
69-годишна жена загина, дете се бори за живот по пад од зграда во Кисела Вода
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Ставил рампа и наплатувал 90 минути паркинг за 50 денари на јавно земјиште во Чаир
-
Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка
-
Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот