Балкан
11. July 2017 - 15:12

Молк на гробиштата: Погребана мајката на три деца која беше брутално убиена од сопругот

Олга Ловриќ (39) која сопругот Милан Ловриќ (47) ја уби пред некој ден во Центарот за социјална работа во Нов Белград, а потоа изврши самоубиство, погребана е денеска на гробиштата во Земун.

На последното испраќање на трагичнонастраданата Олга присуствуваа околу 100 луѓе, меѓу кои беа и мајката, братот и роднините на Олга.

Олга е погребана покрај своето бебе, кое починало пред неколку години, кратко време по раѓањето.

Во текот на погребот на гробиштата беа присутни лекари од итната медицинска служба.